Vella Bioscience го претстави новиот  секс серум, производ развиен од медицински тим, кој има за цел да ја зголеми фреквенцијата и интензитетот на оргазмот кај жените.

Dr. Padma-Nathan , еден од луѓето кои стојат зад производот, за Forbes изјави дека тимот имал за цел „да им даде [на оние со вагини] капитал во сексуалното исполнување на безбеден и ефикасен начин“. Серумот на Vella содржи внимателно регулирана доза на CBD која го релаксира мускулното ткиво и го зголемува протокот на крв за да ја зголеми сексуалната возбуда и оргазмот.

Иако се јавија сомневања според кои серумот како производ  е „сличен на вијагра“, тоа не е точно бидејќи серумот не е лек и не ја лекува сексуална дисфункција, туку го зголемува сексуалното задоволство. Клиничките студии покажуваат дека жените на возраст од 23 до 75 години, кои го тестирале серумот пријавиле зголемен интензитет и фреквенција на оргазми.

Гледајќи го серумот, би помислиле дека е производ за нега на кожа или маска за лице, но работи за да овозможи сексуална благосостојба, порачуваат од  Vella Bioscience./М.М.

Деталите се на https://vellabio.com/

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.