Дваесет и четвртата сезона на најголемото модно случување во земјата, овојпат e во знакот на мултимедијалниот проект #NоWаsteMК, со богата тридневна програма што ќе се реализира од 1-ви до 3-ти октомври, и тоа на три различни македонски локации: Скопје, Битола и Штип.

Дигитални модни презентации и ексклузивен шоурум со новите колекции на млади и докажани имиња од нашата сцена, уметнички перформанси и изложби и на продукти од светски признати домашни иноватори, едукативни работилници, тркалезни маси и онлајн дискусии со врвни професионалци од креативната индустрија, како и дегустација на најдоброто од македонската гастрономија, претставува  дел од програмата на Моден Викенд Скопје.

Во соопштението до медиумите, организаторите посочуваат и дека за деталите јавноста може од ден во ден да се информира на официјалната веб страница на Моден Викенд Скопје и ба социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и Твитер.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.