Амстердам создава и гради репутација на ко-инфлуенцер на мода со технологија преку стартап кои привлекуваат интерес и надвор од Холандија.
Во 2020-та, оваа земја посвети особено внимание на стартапи кои поттикнуваат мода што експериментира и во технологијата и во одржливоста.
Типичен моден иноватор од новата генерација е Полин ван Донген, моден дизајнер со седиште крај Арнхем, специјализиран за технологија со која спортската облека го корегира држењето на телото.
Colorива со нови идеи за боење, со решение за проблемот со еколошки деструктивниот процес на боење на текстилот. Текстилот го бојат со хранење на бактерии со хранлива материја за производство на пигмент, избегнувајќи опасни хемикалии, користејќи помалку вода и помалку енергија. Може да се користи на сите материјали, вклучувајќи синтетика, природни ткаенини и кожа. Проектот „жива боја“ е дело Лора Лухтман и Илфа Зибенхар. „Дизајнирањето со живи
организми бара поинаков пристап.„Соработуваме со организмот и учиме од него. Потребна е и интердисциплинарна соработка: нашето студио за дизајн е делумно микробиолошки лабораторија, во која соработуваме со микробиолози и хемичари “. Процесот на боење на стартапот го привлече вниманието на гигантот за спортска облека Puma. Работејќи со Puma, Living Color дизајнираше и создаде спортска линија обоена со пигмент добиен од бактерии.
MycoTex е биодизајн што користи корени од печурки во развојот на текстилот. MycoTex, холандски проект основан од АНИЕЛА Хоитинк, создаде технологија која поради својствата, а и ниската цена, малку отпад и компостираната природа стана добитник на наградата за глобални промени во 2018 година.
Н.И.О. е познато по 3Д машините за плетење и потенцијал за создавање кружен моден систем.
Благодарение на беспрекорната конструкција, 3D плетената облека може да се расплетува, а предивото може повторно да се користи. На почетокот, коосновачот Розана ван дер Меер сметаше дека е проблем што џемперите развиени со 3Д технологија изгледаат поразлично од конвенционалната трикотажна облека. Излезе дека токму 3Д плетењето воспостави препознатлив изглед, кој потоа е развиен во колекција за нејзиниот бренд The Girl and the MACHINE. /М. М.