Постои добра причина денот да го завршите со овесна каша. Овесот содржи мелатонин и сложени јаглехидрати кои помагаат триптофанот да влезе во мозочните клетки и со тоа да доведе до побрзо заспивање. Исто така и еден од витамини во овесот е Б6, а тоа е кофактор во производството на серотонинот во мозокот.

Нашиот предлог за овесна каша со додатоци за убав сон почнува со пет лажици овесни снегулки, полеани со врела вода. По пет до десет минути мешање, откако смесата ќе се згусне се додава исечкана банана, лажица мед и малку цимет.

Девет причини за овесната каша да е во нашето мени:

Зголемува имунитет – бета глуканот од овес  им помага на неутрофилите (крвни елементи) да дејствуваат побрзо на бактериски инфекции. 

Промовира антиоксидантни својства – авенатрамидот е фенолен алкалоид, карактеристичен само за овесот. Овој антиоксиданс  ги намалува воспалувањата и го поттикнува производството на азотен оксид, спречувајќи ги оштетувањата на артериите. 

Намалува холестерол – 3гр. растворливи диетални влакна на ден, холестеролот може да го намалат до 20%, а една чаша овес има 4гр. растворливи диетални влакна!

Контролира шеќер во крвта – веќе споменатото изобилство на растворливи растителни влакна во овесот, овозможува бавно слабеење на шеќерот во крвотокот (низок гликемиски индекс) и обезбедува подолго чувство на ситост. 

Контролира крвен притисок – овесот, како и пченицата, до одреден степен има ефект на лекови против висок крвен притисок. 

Помага при спиење – овесот содржи мелатонин и сложени јаглехидрати кои помагаат триптофанот да влезе во мозочните клетки и со тоа да доведе до побрз сон. Еден од витамини во овесот е Б6, кофактор во производството на серотонин во мозокот. 

Помага да се контролира телесната тежина – бета глуканот, кој е дел од овесот, го намалува апетитот, зголемувајќи го нивото на хормонот холецистокинин, (holecistokinin).

Го намалува ризикот од заболување од карцином на дебело црево – секој 10гр растителни влакна додадени во исхраната  го намалуваат ризикот од овој карцином за 10%.

Ја штити кожата – доколку погледнете во составот на некои креми за тело или лице, ќе видите дека содржат овес. Растителните влакна во овесот прават филм што помага во зачувување на влажноста на кожата, а овесните трици ги отстрануваат мртвите клетки на кожата (пилинг). / М.М.

 

You may also like

Comments are closed.