“Ocean mystique” е новата пролетно/летна колекција на костими за капење и облека за на плажа на Angie M.
Боите што пленат во океанските води, животинскиот свет, прекрасниот пејзаж и чувството на безгрижност се инспирација на оваа колекција.

Преставува спој на рачно изработени дводелни и едноделни костими за капење, со впечатливи врвки, како и плетени бикини модели, кои секогаш се во центарот на вниманието.

Во колекцијата се и рачно изработени фустани кои целосно ќе го заокружат летниот изглед на модерната, софистицирана дама која сака да изгледа елегантно и префинето за време на дневните и вечерни уживања на плажа или безгрижните летни прошетки.

Преовладуваат боите на океанскиот свет: портокалова, црвена, розова, лаванда (виолетова), зелена, сива, црна….бои кои зрачат мистичност и привлечност, бои кои го доближуваат мирисот на летото …

Дали можеби веќе знаете каде ќе летувате оваа година? Доколку одговорот е “да” , надополнете го вашиот асортиман на облека со нов костим за капење и облека за на плажа од новата колекција на Angie M. и оставете уникатен впечаток за сите да посакаат да блеснат во вашата енергија.

Голема благодарност до огромната професионалсност и посветеност на тимот, како и до експерти, за вложениот труд за реализација на новата колекција: фотограф – Антонио Станков, коса – Social Hair Salon, шминка – Милена Косич, модел – Елена Ѓорговска, модна агенција – Models In Management


За целосната организација и дизајн на колекцијата се погрижи Ангела Младеноска, основач на Angie M. Специјална благодарност до Вања Младеноска (коосновач на Angie M.).
Новата колекција сега е достапна на е-шопот https://angie-m.com/, како и на социјалните мрежи Instagram @by_angiem и Facebook https://www.facebook.com/AngieMdesign

AngieM. – Shop

 

You may also like

Comments are closed.