Саудиска Арабија најави изградба на Oxagon, пристаниште со логистички центар што ќе биде „најголемата пловечка структура во светот“.

Структурата на вода ќе биде една од десетте, планирани во рамките на развојот на Neom, во североисточниот дел на Саудиска Арабија. Oxagon ќе биде пристанишен град на Црвеното Море, дизајниран да ги искористи предностите на превозот низ Суецкиот канал.

Oxagon ќе биде октагонален пловечки пристанишен град. Ќе функционира како пристаниште и логистички центар за поширокиот проект Neom – регион што ќе се снабдува со енергија од обновливи извори, како дел од планот на Саудиска Арабија – Визија 2030, за диверзификација на нејзината економија и минимизирање на зависноста од нафта.
Oxagonот ќе има карактеристична октагонална форма со дел на копно и поголем дел што излегува во Црвеното Море.

Проектот Neom, според неговите создавачи, ќе биде „најголемата пловечка структура во светот“.
Пловечкиот град ќе биде уреден околу плоштадите, поврзани со мали канали. Ќе содржи и терминал за крстарење и океанографски истражувачки центар. „Oxagon ќе биде катализатор за економски раст и различност во Neom и Кралството, дополнително исполнувајќи ги нашите амбиции според Визијата 2030“, рече саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

„Oxagon ќе придонесе за редефинирање на светскиот пристап кон индустрискиот развој во иднината, за заштита на животната средина, истовремено создавајќи работни места и раст за Neom.
Oxagon ќе биде нова парадигма каде што луѓето, индустриите и технологијата заедно ќе уживаат во хармонија со природата.
Спојувањето на најсовремените пристапи на индустријата 4.0 и циркуларната економија – за создавање фабрики на иднината за производи на иднината. Ова ќе биде место каде што иноваторите и претприемачите ќе можат да ги забрзаат идеите од лаборатории до пазар, и град во кој луѓето се собираат за да живеат и работат во просперитетни заедници. Нашето целосно автоматизирано пристаниште од следната генерација ќе понуди неспоредливо поврзување со глобалните пазари, овозможено со интегриран физички и дигитален синџир на снабдување.

Oxagon се промовира во време на бројни контроверзи во развојот на комплексот Neom, заедно со луксузниот остров, ски-центарот и градот, наречен The Line. Веќе пишувавме дека The Line е град што се гради во линија долга 170 километри и наликува на облакодер со огромни огледала од двете страни.
Во градот, дизајниран од американското студио Morphosis, ќе живеат девет милиони луѓе. Изградбата е започната пред три месеца и ја следат силни критики за почитување на човековите права од страна на изведувачите.
Имено, ALQST – организацијата за заштита на човековите права, објави дека тројица членови на племето Huwaitat , за који се верува дека ги критикувале раселувањата поврзани со изградбата, биле осудени на смрт./М.М.

https://www.neom.com/en-us/regions/oxagon

You may also like

Comments are closed.