Sara Fashion, познатиот македонски бренд за интимна облека, дваесетте и петте години успешно постење на домашната и регионалната сцена ги обележа со претставување на новата колекција, наменета за претстојните пролет/лето. Со ревијата и музичкиот настап на бендот Blackberries, како и со коктел за почесните гости на свеченото затварање, завршено е четвртото издание на Скопски моден фестивал.


Под слоганот „25 нијанси розово“, Sara Fashion претстави педесетина модели за оваа пролет и летото. Од своите почетоци до денес брендот бележи многу успеси и поставува нови трендови, а неодамна ја промовираа Sara Fashion Home.


Sara Fashion има повеќе од 300 вработени, вкупно 79 продажни објекти и три големопродажни објекти во земјава и во Србија, а со тоа и бројни купувачи кои со години му веруваат на брендот.


Четвртото издание на Скопски моден фестивал, кој втора година по ред се одржува во партнерство со Државна лотарија, заврши со настап на српскиот бенд Blackberries, основан со идеја да воведе нов сензибилитет во музичкиот израз како и од љубов кон различни музички стилови.
На коктел забавата се наздравуваше со сортните вина од Kamnik и Venec. Официјални партнери за убавина на настанот се групацијата Orbico и FABUspot, застапени со брендовите: MAC, Bоbbi Brown, Clarins, Estée Lauder и Shiseido.


Автор на сите фотографии е Антонио Станков.

You may also like

Comments are closed.