Berluti, модната куќа за машка облека, ги претстави олимписките униформи наменети за тимот на Франција, за отворањето на Олимпијадата во Париз годинава . Креациите се дизајнирани да бидат одраз на „вистинската елеганција à la française“. Создадени се под креативното раководство на модниот консултант и стилист Carine Roitfeld.
Berluti се консултираше со спортистите, Организацискиот комитет Париз 2024, Францускиот национален олимписки и спортски комитет и Францускиот параолимписки и спортски комитет за да ги разбере нивните специфични потреби.


Создадена е колекцијата која вклучува елегантен смокинг во полноќна сина волна, бели кошули од памук и свила, како и обувки кои го носат печатот на француската елеганција. Модната куќа мораше да ја прошири својата тековна табела со големини за да ги понуди 14-те големини што ги бара тимот на Франција, со облека и чевли во 22 големини. Мотивот на облеката е инспириран од француско знаме и е создаден специјално за оваа пригода во нијанси на сина и црвена, во знак на почит на историскиот savoir-faire на модната куќа.
Дизајнерката Carine Roitfeld изјави дека тоа за неа бил проект без преседан. Требало да се облечат 1.500 спортисти за врвен светски настан! Морав да најдам начин да ги комбинирам удобноста и елеганцијата за да создадам облека достојна за таков историски момент, истакна Roitfeld.
Jean-Marc Mansvelt, извршниот директор на Berluti додаде дека со оваа облека сакале да и оддадат почит на француската елеганција и да им помогнат на француските спортисти и тренери да се чуствуваат убаво на врвниот светски спортски настан.
Модниот бренд Berluti е во сопственост на групацијата LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton./М.М.

You may also like

Comments are closed.