На Миланаската модна недела вчера се претстави италијнаската модна куќа Artiol со колекција на класични чевли со колани, како и патики за метаверзумот.
Создадена за да им излезе пресрет на практичните потреби на модерниот маж, за неговата удобност, и соодветно, лежерно, елегантно и софистицирано облекување, колекцијата е наменета за сезоните есен/зима 23/2024 година.
Убавината на рачната изработка на чевлите потсетува на уникатноста на производите на занаетчиите,но и на заштеда на енергија и употребата на биоразградливи кожи, прецизно обоени за да се создадат ефекти на нијанси, тон-во-тон и во контрастни бои, како клуч на уникатните занаетчиски вредности на Artioli.
Палетата на бои е спој на меки природни тонови: тутун, песок, вино, камена сива со акценти на океанско сино.
Линијата на патики за прв пат е дизајнирана со идеја на метаверзумот која црпи инспирација од новата ера на виртуелна слобода на разновидност, иновативни и уметнички дизајни.
Кога Severino Artioli во 1912 година почнал да работи во чевларската работилница во Ферара, веројатно не претпоставувал дека век подоцна неговото презиме ќе биде врежано меѓу најубавите и најпрестижните чевли произведени во светот денес.
Станува збор за приказна за три генерации, со најдобри занаетчиски традиции и тајни што ги научил основачот и ги пренесува понатаму .
По долгогодишни тестови и истражувања во 60-тите се дизајнирани елегантни линии на чевли во кои се заљубија сите што ги пробаа, а меѓу нив и незаборавниот американски актер Gary Cooper.
Во Artioli денес ги комбинираат класичните Mocassins, Richelieu и Derby со линија луксузни патики, привлекувајќи го вниманието и наклонетоста на поспортските мажи, кои сакаат секојдневен стил и кои никогаш нема да се откажат од префинетоста и елеганцијата./М.М.