LE LIFT PRO на Chanel преставува иновативно решение против стареење со високи перформанси кое комбинира производи за нега на кожата и масажа, за природата и науката со здружени силите да обезбедат врвни резултати
Во основата на оваа нова линија за нега против стареење е ензимската состојка Мелипона, природна состојка чии извонредни својства ги откри брендот Chanel во нивната лабораторија на отворено, основана во Костарика, во 2015 година. Овој скапоцен еликсир , кој во многу мали количини го произведуваат пчелите Мелипона е толку извонреден што веднаш го привлече вниманието на научниците од Chanel, кои интуитивно се уверуваа во неговиот козметички потенцијал. Анализите го покажаа уникатниот ензимски состав, кој му дава невиден ефект против стареење.
Chanel воспостави и синџир на снабдување преку промовирање на социјални и еколошки иновации, во
партнерство со Alianza Campesina Flora Nueva, локално социјално претпријатие.
Експертите на Chanel ги дефинираа и карактеристиките на младешкото лице, што се заснова на „триаголникот за убавина“, областа на лицето што се наоѓа помеѓу јаготките и горниот дел на брадата. Се дефинира со високи јаготки, добро обликувано лице и затегнати образи. Со текот на годините, овој „триаголник за убавина“ се менува. Кожата на лицето попушта, се формираат брчки и лицето губи волумен. Така, на крајот триаголникот за убавина е превртен.
Помеѓу многуте, особено ветувачки козметички состојки против стареење, развиени во Истражувачкиот центар Chanel, ензимската состојка Мелипона се покажа како најефикасна во делувањето на потпорното ткиво на кожата таргетирајќи ги напредните фази на клеточно стареење.
Првиот чекор на LE LIFT PRO е Concentre Contours кој помага во спречување на напредните знаци на стареење и го редефинира изгледот на контурите на лицето. Неговата формула обезбедува моментален ефект на затегнување, додека апликаторот за автоматско полнење дава совршена количина на производ за нанесување на лицето. Формулиран без мирис за сите типови кожа, дури и за чувствителна кожа, може да се користи помеѓу две естетски дерматолошки процедури за одржување на резултатите.
Вториот чекор од линијата LE LIFT PRO е Creme Volume, кој помага во спречување на напредни знаци на стареење и ја измазнува појавата на длабоки брчки. Неговата мека, мазна формула обезбедува моментален ефект на подмладување.
Chanel, исто така, воведе алатка за масажа со двоен крај, во впечатлива црна и хромирана боја, инспирирана од професионалните техники за масажа, развиени од Chanel Research, за да ги подобри придобивките од производите LE LIFT PRO. Неговата ергономска форма промовира подобра апсорпција на производите за нега на кожата и го редефинира изгледот на контурите на лицето и волуменот, откривајќи го триаголникот на младоста./М.М.