За вљубениците на модата, како и за сите љубопитни за животните приказни на основачите и дизајнерите на врвните модни куќи, мошне е веројатно дека со големо внимание ќе ги прочитаат трите нови книги посветени на Louis Vuitton, Christian Dior и Karl Lagerfeld.
Новите изданија за нивните животни и дизајнерски патувања нудат ново-откриени сознанија, информации и занимливости за креаторите кои ја сменија индустријата.
Louis Vuitton, Christian Dior i Karl Lagerfeld.
“Christian Dior, un destin”
Францускиот моден револуционер, романтик и визионер, Christian Dior, ненадејно почина на 53 години од последици од срцев удар. Десетина дена пред годишнината од неговата смрт објавена новата биографија насловена како “Christian Dior, un destin”. За судбината на славниот дизајнер пишува францускиот автор Marie-France Pochna, од неговото детство до животот во стилот на парискиот боем, Dior – книгата чини 25 евра и се порачува на Amazon.
“Karl, une si longue complicité”
Авторот Patrick Hourcade се запознал со Karl Lagerfeld во 1976 година и станале долгогодишни добри пријатели. Во новата биографија за великанот на француската мода, Patrick пишува за досега необјавени анегдоти и ја пренесува малку познатата слика за Karl Lagefeld – чувствителен, духовит и емотивен дизајнер и пријател. Биографијата насловена како „Karl, une si longue complicité – е со цена од 35 евра, на Amazon.
“Louis Vuitton, the audacious”
Vuitton, за кого се вели дека го покорил модниот свет на своето животно патување во модата тргнал со само 14 години. Писателката Caroline Bongrand во книгата Louis Vuitton L’audacieux, потсетува на фасцинантната историја на овој дизајнер. Биографијата е достапна на Amazon, по цена од 20 евра./М.М.