Низ времето облеката од неопходност и заштита пред студот или топлината, прерасна во симбол – на личност, на статус, на чуство за мода, или, во експресија на посакуван, одбран начин на живот, вкус и тренд.
Најпознатите брендови на машката облека за кои гласаа голем број добро облечени мажи, понудија широк спектар на елегантна, стилски издржана облека: кошули, панталони, костуми, чевли, спортска облека и додатоци.
Меѓу познатите, звучни имиња и оние помалку познати, секој маж може да пронајде нешто за себе, нешто што зимово ќе го плени и топли.