Во најновата кампања на познатиот италјански бренд Miss Sixty едно од заштитните лица е и интернационалниот модел Татјана Јанушева. Кампањата беше изработена на неколку познати локации во Париз и околината, во само неколку дена. Инаку, Татјана во последнава година го направи својот интернационален пробив потпишувајќи договор со престижната модна агенција Next Mаnagement. Изминатиов период таа кај нас беше ангажирана за сите поголеми брендови и дизајнери, а последнава година работи исклучиво во Париз и Милано.


Нејзината рафинирана убавина, големата посветеност и подршката од најблиските ја пласираа во најголемите модни центри. Интернационално ја застапуваат JS Mаnagement од Белград, под директно водство на Јелена Ивановиќ во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент. Татјана секако продолжува со работата, а според нејзиното досегашно искуство, ни покажа како се гради една успешна кариера во светскиот моделинг.
Next Mаnagement

 

You may also like

Comments are closed.