Одржливоста под слоганот „Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода“ се симболите на 27. издание на моден викенд во Скопје ( FWSК), што до 30-ти септември се одржува во комплексот Urban Garden. Целта на тридневниот настан на е, освен на модната писта, и низ работилници, проекции на филмови и ангажирани разговори, да ја актуелизира темата на одржливоста.


Првата вечер ја отвори Аника Илоска, со дебитантската коекција насловена како „Перениал“. Колецијата ги симболизира издржливоста и постојаната еволуција. Сестрите дизајнерки Едита и Блерина Деда ја претставија колекцијата „Седумте смртни гревови“, спојувајќи ја динамичната креативност и прогресивната мода. Вера Ангелакова со нејзините дизајни во духот на забавите и прославите ја претстави „Облечи ја забавата“. Александра Митковска со колекцијата „Вибрациони дизајн“- свевидна игра на текстури, палети и силуети, го затвори првиот ден на Моден викенд Скопје.
Моден викенд Скопје ќе има и тридневен шоурум кадешто ќе бидат претставени колекциите на дизајнерите Мирјана Јосифоска, Магдалена Таневска и Александар Топиќ од Нови Сад, како и на академската сликарка Љубица М. Солак.
Со нудење на спој на модни ревии, експериментални колекции и необични простори за излагање, FWSK има за цел не само да ја истакне убавината и уметноста на дизајнот, туку и да ја нагласи колективната одговорност на модната индустрија кон планетата
Според организаторите модниот викенд Скопје е и движење, покана да се нурнете во современата култура за модата, да ги разберете нејзините нијанси и да го славите нејзиниот потенцијал за иднина во која модата не е само сјај што заслепува, туку и прави разлика.
Голден Арт, со комплексот Урбан Гарден, е генералниот покровител и официјална локација за FWSK./М.М.

You may also like

Comments are closed.