Најновата колекција на Marques Almeida, дело на дизајнерите Marta Marques и Paolo Almeda, наменета за претстојната есен, покажа палета весели боји и Y2K електрични техник-колор референци.
Бевме водени од идејата дека 1990-тите биле најкул, ги објаснува ведрите боји и лесните материјали Paolo Almeida. Всушност, имаме помлад тим и тоа не натера да ја погледнеме таа деценија.
Наидовме на навистина голема желба да правиме мода во атмосферата на Y2K, додава Marques, пред португалската промоција. Затоа колекцијата е екстравагантна ода на Gen Z , на омилената деценија на модата. Розово во есен, предимензионирани (деконструирани) цветови од ткаенина – и многу, многу, карнери.
Тоа е понудата за Gen Z од Marques Almeida што новиот тим ја составил во настојување да привлече нова публика, нови следбеници и купувачи.
Во рамките на есенската колекција претставена е и детската линија на M’A. Следејќи го концептот на среќата, моделите, заедно со малите деца со насмевки ја освојуваа пистата. Среќна облека – тоа е новиот концепт на Marques Almeida./M.M.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.