Под мотото “Исполнуваме желби”, Финансиското Друштво СН Финансии уште на почетокот на месец декември ја започна својата акција, а истата ја заврши деновиве со почетокот на големите празнувања.
„Исполнувањето на желбите беше во вистинска смисла на зборот, а не само како добар слоган. Со ова мото ги исполнивме желбите на 50 деца од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот “Кочо Рацин” од Битола.
Ги замоливме тие да ни ги напишат нивните желби. Добивме 50 писма од нив, во нив имаше секакви желби од тоа да добијат вистинска кожна топка за фудбал, некој побара санка, а еден од учениците побара лап топ за полесно да ја совладува наставата онлајн. И ние ги исполнивме сите. Вистински сите.” – истакна генералниот директор на СН Финансии, Никола Јошевски.
Празниците се време на подарување и споделување, на забава и заеднички семејни мигови. За жал, свесни сме дека за многу наши сограѓани празничното време не е така едноставно и оттука компанијата од своето формирање до денес работи на тоа да придонесе ранливите групи да имаат поубави празници. СН финансиско друштво е општествено одговорна компанија и таа реализира вакви проекти во кои донира на оние на кои им е потребно, наместо во прослави и праќање на подароци и честитки на клиентите и деловните партнери – ни образложија од компанијата.
„Идејата која на почеток на декември СН Финансиско друштво ни ја презентира, не воодушеви. Бевме навистина пријатно изненадени дека секоја детска желба ќе биде исполнета. Досега сме немале ваква донација. Лична донација за секое дете. Тоа и не плашеше, зошто знаете како… децата веруваат и очекуваат. Што ако желбите се нереални, па е невозможно да се реализираат? Донацијата беше и повеќе од голема за сите нив. Некои од нашите ученици имаа напишано и по повеќе желби, веројатно како опција донаторот да избере што може да им купи. И во пакетчињата децата увидоа дека не една, туку сите желби напишани на пораките им беа исполнети. Благодарни сме и чекаме прилика после пандемијата да се дружат децата со вработените на СН финансиско друштво, зошто нашите деца навистина сакаат нови пријателства”- истакна директорката на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот “Кочо Рацин” од Битола, Валентина Стојкоска.
Заради Ковид-10 протоколите, донацијата беше доставена до одговорните лица, а потоа тие им ги поделија подароците на учениците од овој Завод.
„Дали може да има помотивирачки крај за онаа сега веќе стара и комплицирана 2020 и најава не за Среќна Нова 2021, туку за СРЕЌНИ ДЕЦА во 2021?
Не може. И тоа не прави особено радосни. По донацијата, добивме фотографии од децата кои беа пресреќни и рачно напишани пораки упатени до нас. Бесценети мигови, кога чувствувате дека носите радост во детското срце” – истакна директорот за маркетинг, Томе Чагоровски.
SN финансии ИСПОЛНУВА ЖЕЛБИ и создава среќни луѓе за 2021. Затоа и крајот на 2020 година го означи со најзначајната посета, да донесе насмевки на детските лица од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот.
Ова нека биде поттик и пример за што повеќе вакви акции од страна на оние кои имаат можност да помогнат и да израдуваат некого, на оние на кои таа помош во форма на подарок им е повеќе од потребна.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.