Светот на циркусот раскажува приказна за смели и инспиративни жени, а самиот живот е живописно колоритен циркус преполн со сложени детали, се вели во белешките на либанскиот дизајнер Zuhair Murad. Црпејќи инспирација од величественоста и уметничката привлечност на овие два света, дизајнерот ги прославува есента  и зимата 2023/2024 година со својата најнова колекција, раскошна со контрастни линии и кинетичка енергија. На сцената, моќната женска форма зрачи со женственост, привлечност и убавина, спојувајќи ги сензуалните и уметнички слики инспирирани од скулптурите „Нанас“ на француско-американската уметница Nikki de Saint Phalle.

Колекцијата се одликува со истакнат кловн јазол изработен од сомотска ткаенина и украсен со метална лента. Кадифените ткаенини, треперливи како скапоцени камења со сјај налик на дијамант. Телото излегува триумфално, нагласено, сугерирано и откриено. Играта на транспарентноста го плени погледот додека воздушестите фустани од жоржет украсени со извезен тул создаваат летови од испарливи возбудувања.

Кристали и златни мониста ги осветлуваат исечоците и контурите на дизајните. Јагода, смарагд, ирис, пченкарно цвеќе и шафран, се топлите нијанси кои го осветлуваат секој чекор и ја разгоруваат секоја поза.

Модниот филм со есенската колекција подготвена за носење е на следниов линк: https://www.zuhairmurad.com/en/readytowear-fall-2023

Колекциите на Zuhair Murad ги мешаат  со векови старите наследства и модерниот пристап, и тоа е стил на кој куќата е многу лојална, со мисија за континуирана потрага по ракотворство, гламур и удобност.

Перфекционизмот е исто така она на што инсистира Zuhair Murad, обидувајќи се да го спроведе во текот на сите фази на креирањето: од концептот до комплетирањето на дизајнот. Секоја облека е резултат на долг и ригорозен творечко – занаетчиски напор, работа со која се создава врвна елеганцијата.

Либанскиот дизајнер освојува со женствени креации кои ја истакнуваат сета убавина на женското тело. Со призвук на 50-те, неговите haute couture колекции имаат своевиден вид рокерски допир, со апликациите од чипка и цветните мотиви. Обожава кроеви на сирена, светкави детали, стил на стариот Холивуд, женствени и проѕирни материјали, со интензивни, но и пастелни палети на бои.

Сето тоа се гледа и во неговите две најнови колекции.
Го сметаат за еден од најталентираните дизајнери на 21-от век, а познат е и како тајно оружје на убавиците од црвениот  тепих. Zuhair Murad, дизајнерот  за кој се зборува од Парис до Њујорк, е роден и израснат во Либан, во 1971 година. Својот прв бутик го отвори пред 15 години, а светската јавност го запозна на Париската недела на висока мода во 2001 година. Тогаш ги собра ловориките на светските медиуми, а неговите креации беа меѓу најубавите. Четири години подоцна неговата Ready-to-Wear колекција, имаше задржано доза на гламур, но беше прилагодена на потребите на модерната жена.

Истоимениот бренд е основан во 1997 година во Бејрут и Париз, а денес е присутен во над 100 продажни места низ целиот свет: САД, Франција, Велика Британија, Монако, Швајцарија, Јапонија, Русија, Канада, Сингапур, Кина…/М.М.


More in:Мода

You may also like

Comments are closed.