Короната не ја смени креативноста, ниту талентот, туку влијаеше врз промена на на пазарот, на начинот и на количеството на продажбата, како и на начинот на презентација.

Фотографија: Со Eduardo Perez Gonzalez Ocantos, најголемиот креатор на Латинска Америка, од Аргентина

МодаМода со особено внимание ја следи работата на креативците –дизајнерите, креатори, ракотворци, низ нивна промоција и презентација на настаните на кои учествуваат. Во тој контекст е и нашето интересирање за модните недели што беа реализирани во Белград и Нови Сад изминатиов период. Тоа беше и поводот за кус разговор со Светлана Хорват, стратешки партнер на (IDFW) за земјите на СЕЕ и од централна Европа. Инаку, Светлана Хорват е член на Претседателскиот одбор на Европскиот моден совет European Fashion Council, претседател на Националната модна комора на Србија, претседател на недела на модата во Србија, извршен директор и основач на „Defile a Paris„ на Париската модна недела и претседател на Serbia Fashion Awards. За нејзините достигнувања во дизајнот, има добиено над 20 национални и меѓународни награди како дизајнер.

Фотографија: Париз, DEFILE A PARIS FASHION WEEK, со Амбасадорот на Р.Србија во Франција и владина делегација

 

М.М. Што е она што има особен впечаток на Вас, кој настан или креатор би издвоиле?

На мене секогаш особено внимание оставале креатори кои имаат свој уметнички ракопис и кои оставаат силен емотивен впечаток по гледањето на колекцијата. Секогаш ги издвојувам српските креатори кои направиле извонредни колекции. Годинава тоа се Бата Спасојевиќ, Сузана Периќ и Јелена Малешевиќ. Овие креатори во 2020 година направија единствени, блескави колекции. Морам да напоменам дека годинава светот загуби голем уметник и креатор – Кензо Такада, кој беше и мој пријател, така што тоа го доживеав како лична загуба.

Фотографија: Со Kenzo i Marcellous L. Jones

М.М. Какво е Вашето мислење за модната индустрија во Србија и во регионот – што и колку короната има сменето?

Модната индустрија во регионот на СЕЕ некогаш беше една од водечките индустриски гранки. Секако дека сега не е така, но целосно одговорно можам да кажам дека регионов е полн со извонредни таленти, врвни креатори и уметници. Короната не ја смени креативноста, ниту талентот, туку влијаеше врз промена на  пазарот, на начинот и на количеството на продажбата, како и на начинот на презентација.

Фотографија: Со Anna Fendi и Анита Ивковиќ

М.М. Во истражувањето направено во Македонија на оваа тема заклучокот и препораката е дека работата на креаторите и на дизајнерите треба да се доближи кон купувачите низ нова сеопфатна стратегија. Каква е состојбата на тој план во Србија и каков е вашиот став?

Првин, формирани се апсолутни облици на презентација и на пристап кон купувачите создадени се многу дигитални платформи. Во Америка на петти септември годинава е формиран International Digital Fashion Week (IDFW),прва 100% дигитална платформа, поддржана од сите најголеми fashion недели во Америка. Овој  IDFW е следен од 300 милиони гледачи, а за настанот имаше 77 медијски објави.

Јас станав стратешки партнер за 14 земји на Југоисточна Европа и централна Европа, така што идната година  целиот овој регион се вклучува во овој исклучителен проект. Годинава ги задвиживме Digital Fashion Week Serbia, заедно со Color Media Communication. Од 2021 година ќе бидат поставени и Digital Fashion Week North Macedonia, Croatia, Montenegro, Hungarian, Greece, Slovenia… Дизајнерите ќе имаат повеќекратни придобивки – од огромна глобална видливост, до директни online колекции со потенцијалните купувачи ширум светот.

Секако, од следната година очекуваме и физичко присуство на настаните Serbia Fashion Week, но и овие дигитални платформи ќе продолжат да функционираат поради покажаните поволности, пред се на креаторите. /Ј.П.

Фотографија: Затварање на Serbia Fashion Week со Svetlana Horvat и Marcellous L. Jones

You may also like

Comments are closed.