Проф. д-р Светозар Антовиќ е избран за „Маж на годината“ за 2023 година, на официјалниот избор „Мажи на годината“, организиран од Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.
Во гламурозна атмосфера во DoubleTree by Hilton- Скопје избрани се 13 најуспешни мажи, во исто толку категории кои ја одбележаа 2023 година. Според официјалниот избор на жири комисијата, во чиј состав се членови од различни институции, новинари и претставници на бизнис секторот, титулата „Маж на годината 2023“ ја понесе проф. д-р Светозар Антовиќ.
Проф. д-р Светозар Антовиќ е специјалист по дигестивна хирургија и декан на Медицинскиот Факултет, како и дел од тимот кој ја изведе првата трансплантација на црн дроб во Македонија. Заедно со својот тим, Љубомир Огненовиќ – Научен соработник и асистент Ќемал Русити, ја понесоа и наградата Маж на годината со придонес во општеството.


Наградата „Маж со трајни вредности“ ја доби режисерот Милчо Манчевски, „Маж со најголем придонес во културата“ му припадна на актерот Сашко Коцев, „Маж странец на годината“ ја доби проф д-р Александар Николиќ, Специјалист по Кардиохирургија во Аџибадем Систина, наградата „Маж со најдобар стил“ ја доби оперскиот пејач и професор Иван Наумовски.
Титулата „Маж менаџер на годината“ му припадна Даниел Воиновски, генерален директор на “ЕУРОИМПЕКС” и официјален увозник на “ПЕЖО и Опел”.Воиновски е избран и во категоријата „Хедонист на годината“.
Наградата „Маж со најголем придонес во спортот“ ја доби нашиот одбојкар Никола Ѓоргиев. Христо Кондовски, Претседател на одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“, додека Генралниот менаџер на Ананас.мк – Денис Ампов ја доби наградата „Млад менаџер на годината“. Во категоријата „Маж на годината според социјалните медиуми“ јавноста го избра Божидар Божиновски, писател, сценарист и активист на социјалните медиуми.
Титулата „Маж на годината според организаторите“,беше доделена на образовната институција Универзитет Скопје, на чело со проф. Д-р Aце Миленковски.
Шестото издание на манифестацијата „Мажи на годината“ се одржа со поддршка од Адмирал, во DoubleTree by Hilton- Скопје. Според организаторите изборот прерасна во традиција која има за цел да ги награди оние кои придонеле во нашето општество и се мотивација за идните генерации./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.