Најавата за предновогодишниот концерт разбуди голем интерес кај публиката па така една недела пред концертот се сите билети се продадени.
На 18.декември, со почеток во 20 часот, во Македонска Филхармонија, Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола ќе оживеат една поинаква зимска концертна приказна, насловена како “Jingle Bells Symphony”.
Предновогодишниот концерт вклучува аранжмани за оркестар и женски вокали, на некои од најпопуларните божиќни песни во светот, меѓу кои и “Jingle Bells”, “Santa Claus is comin to town”, “Deck the halls”, “All I want for Christmas”…
Оваа празнична бајка ќе биде остварена од исклучителните гласови на Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, музички сплотени со маестралните музичари од Камерниот оркестар на Битола, под диригентската палка на Владимир Димовски./М.М.
Uncategorized