Ви препорачуваме вкусен чиа пудинг со чиа семе, овесни снегулки, јагоди и киви, кој е многу вкусен, здрав и хранлив оброк
Чиа пудингот е богат извор на протеини, омега-3 масни киселини, антиоксиданти, витамини и минерали.
Потребни состојки:
- 250 мл ладно млеко (оризово, соја, кокосово, бадемово, кравјо)
- 4 лажици чиа семе
- 1 лажица мед
- 2 лажица овесни снегулки
- 1 киви
- 2-3 јагоди
- неколку боровинки
Подготовка:
Ставете го чиа семето, овесните снегулки и исецканото овошје во длабок сад или чаша. Прелијте ги состојките со млекото кое е измешано со медот. Покријте го садот и ставете го во фрижидер, по можност преку ноќ. Украсете го пудингот со овошје одозгора. Добар апетит!