Новите Charlie патики, први унисекс патики на Louis Vuitton, наскоро ќе бидат достапни во длабоки и плитки верзии, во големини од 34 до 47. Рачно се изработени од еколошки материјали – од 90% рециклирани и органски ткаенини, согласно определбите на модната куќа за реализација на политиката на заштита на околината и етичките стандари.
Иато така и ѓонот на патиките е изработен од најмалку 94% рециклирана гума, а горниот дел е направен од синтетички материјали – од рециклиран полиестер и слој биополиол, пластика на билна база на пченка.
Под целосно редизајнираните врвки е лепенката ECONIL, фластек што исто така се користи на петицата на патиките, како и потпис на логото на LV. Влошката и облогата се изработени од рециклиран полиуретан и полиестер.
Charlie, првата унисекс патика на брендот, се очекува да стане нов неизбежен предмет во гардеробата на мажите и жените ширум светот./М.М.