Мода вестиМоден мозаик

Празничен стајлинг со Zara

Сезоната на празниците започна внимателно, поради познатите услови. Мали забави, пијачки по работа, но и вечерни дружења сепак е поводи поради кои треба да се посвети поголемо внимание на облеката што ќе биде изберана за овие но и претстојните празнични излегувања.

За време на празниците се е дозволено: и ексцентрични изгледи и имплементација на трендовите.
Токму таков е случајот на моделот на фустан на модната куќа Zara, инспириран од незаборавната силуета на Dior. Фаталниот модел е дело на Christiana Diora лично, а актуелната креативна директорка на оваа модна куќа, Maria Grazia Chiurri, направи нејзино прилагодување кон една полежерна ера. Во Zara само ја поедноставија идејата во согласност со принципите на масовното производство, но не штедеа на деталите. Исто така, Zara направи и фустан со набори што изгледа како верзија на Jacquemus. Станува збор за варијанта на мал црн фустан што нема да остане незабележан каде и да одите.


За да го добиете посакуваниот резултат доволни се: еден впечатлив детал, силна боја и комотност во одбраното парче облека. Затоа, впечатливата машна, црвен фустан или некој од вечните мали црни фустани не треба да бидат изоставени од вашите изгледи.
За повеќе стилски поени, додадете елегантен чевел.
Нова година и Божиќните празнувања се период кога без размислување може да го истакнете вашиот аутфит./М.М.

You may also like

Comments are closed.