Лондонската модна недела (London Fashion Week) започна синојка и ќе биде дом на модните трендови за наредните сезони есен/зима до 21.февруари. Дизајнерите имаат тенденција да изненадуваат со местата на који ги преставуваат своите колекции, а оваа година нема да биде поинаква. Минатата година тоа беа Soho или Somerset House, а сега се смета дека главен центар ќе се одвива онлајн – нешто што британскиот моден совет го направи поради пандемијата.
London Fashion Week има дигитален центар кадешто оние кои не можат да присуствуваат на ревиите ќе можат да ги следат онлајн. https://londonfashionweek.co.uk/
Модните ревии со кои започнува модната недела се на Paul Costelloe, Bora Aksu и Huishan Zhang. Во саботата најновите колекции ќе ги претстават Eudon Choi, Molly Goddard, Simone Rocha, Pam Hogg, JW Anderson, Christopher Kane, Julien Macdonald, како и Paul & Joe and Burberry.
Годинешниот настан е посветен и на неодамна починатата Vivienne Westwood, која децении по ред беше позната како еден од најдобрите дизајнери во Велика Британија. Свое специјално шоу ќе има и Oxfam, во настојување да го сврти вниманието кон одржливоста и продажбата на употребувана облека./М.М.