Крај морскиот брег, во време што им припаѓа само на љубовниците… Довил,и, вечера во хотел.
На вечерата на која се Рenélope Cruz и Brad Pitt во Довил, во мај 2024 година, како и Anouk Aimée и Jean-Louis Trintignant, во мај 1966 година, е и еден привилегиран сведок – CHANEL чантата. Таа приказна, во чест на филмската индустрија и на епохалното дело на Claude Lelouch, филмот A Man and a Woman, ја потенцира кампањата на CHANEL Iconic Handbag.
Додека Lelouch во филмот го доловува интензитетот и поезијата на љубовната приказна што се случила пред шест децени, во оваа нова модна сторија, режирана oд Inez & Vinoodh, популарните актери Penélope Cruz и Brad Pitt ја пренесуваат пораката на CHANEL Iconic Handbag.
CHANEL Iconic Handbag сепак е повеќе од моден филм, а за тоа сведочат илјадниците прегледи и коментарите на социјалните мрежи./М.М.