Уште сме во зимскиот период од годината, тоа не значи дека нема топли сончеви зраци што едноставно не тераат да ги напуштиме своите домови. Она што скоро секогаш треба да го имаме при рака, па дури и во овие постудени месеци се добри очила за сонце, а кои модели во моментов се тренди, дознајте во продолжение!

Очилата за сонце, ги носиме од  функционална страна, односно заштитата од сонце, но тие станаа многу повеќе од тоа, па затоа се еден од најважните модни додатоци што треба да ги поседувате во вашата колекција. Тие се исто така многу важен дел од нашата секојдневна облека, и често со својот интересен дизајн го диктираат стилот и целокупниот впечаток. Колку се ефективни очилата како моден додаток, потврдува и фактот дека се чувствуваме доволно сигурни во нив, без потреба да нанесеме трошка шминка на лицето бидејќи сме сигурни дека со нив ќе добиеме ефект на свежина и уредност. Исто како што трендовите во модниот свет се менуваат, истите промени може да се забележат и во моделите на очила за сонце, кои во последно време не се само суптилни и едноставни. Модели со необичен дизајн и впечатливи нијанси се одличен начин да му дадете нов изглед на вашето модно издание, а подолу издвоивме неколку прекрасни и квалитетни модели кои сигурно ќе бидат дел од  вашата колекција!/М.М.

 

You may also like

Comments are closed.