Valentino напати проектно се навраќа на графичките експерименти со своето лого. Сега тоа е  Valentino Toile иконографијата, со Vlogo. За оваа пролет и лето Valentino VLogo се шири на додатоците и на облеката од жакард.

Од модната куќа објаснуваат дека графичките мотиви ги нагласуваат современите додатоци на Valentino Toile Iconographe, инспирирани од седумдесеттите. Нагласуваат и дека логото во еден момент станува сè. Опсесивно и претерано, но и ослободувачко и единствено. Преставува оригинален и елегантен, неизбришлив знак на нашето време и на нашите противречности.

За Valentino Garavani VLogo  станува недвосмислена и хипнотичка изјава за идентитет, насочена кон репродукција на монохроматските ефекти. Мотивот со потпис, кој се карактеризира со моделот Toile Iconographe е прослава на Vlogo и се обединува со прет-а-портер додатоците наValentino Garavani./М.М.


More in:Мода

You may also like

Comments are closed.