Модната 2023 започнува традиционално, во знакот на модните недели во Милано и Париз на који се преставуваат машките колекции за сезоните есен/зима 2023-24 година. На Модната недела во Берлин ќе бидат прикажани новостите на германските и на интернационалните модни компании, поврзани со секторите Moda Donna и модни додатоци, додека данската модна недела во Копенхаген ќе ја претстави нордиската модна, заедно со двата саеми: CIFF и Revolver.
Така, Milano Men’s Fashion Week ќе се одржува од 13 до 17 јануари, Berlin Fashion Week ќе биде од 16 до 21 овој месец, а ден потоа, на 17 јануари започнува Paris Men’s Fashion Week. Таа завршува на 22 јануари, за ден потоа, на 23 месецов, да започнат деновите на високата мода – Couture & Haute Couture. На крајот на месецов, на 31 јануари, па до трети февруари е Copenhagen Fashion Week.
Годинава околу педесет брендови ќе ги откријат своите машки колекции, наменети за сеозните есен/зима 2023-2024 за време на модната недела во Милано. Во официјалниот календар се: Prada, Dolce & Gabbana, Fendi и Ermenegildo Zegna.
На 17 јануари, со настапот на Wales Bonner започнуваат ревијалните денови во Парис за да завршат со модна ревија на Maison Margiela.
Да потсетиме : Машката модна недела (Men’s Fashion Week) лани се врати во Париз, преставувајќи ги колекциите за есен-зима 2022-2023 година, додека Лондон ги откажа своите ревии, поради неизвесноста поврзана со пандемијата, а Британскиот моден совет продолжи да ги спојува своите машки и женски колекции за изданијата февруари, јуни и септември. Париската модна недела беше првата машка ревија на Louis Vuitton без нејзиниот уметнички директор Virgil Abloh, кој почина неколку месеци претходно.
Во втората половина од месецов, ќе се одржат пет модни недели и настани од који се очекува не само да го откријат она што го предлагаат за наредните модни сезони, туку и да го одредат модниот тон на почетокот на годинава за која се вели дека ќе биде изполнета со бројни премрежја и предизвици.
На модните куќи и бројните подготвени колекцији им претстоји економско соочување со најавите на ММФ за годинава. Имено, тие објавија дека две третини од светската економија ги очекува рецесија, извесна е рецесијата во Европа и, пред вратите е на САД. Ваквите најави секако дека ќе влијаат врз модната индустрија, која сеуште се опоравува од ударите на ковид пандемијата и пратечките затворања. Останува да се види како модните брендови ќе се соочат со инфлационите бранови и падовите на куповната моќ, што се најавуваат, а потоа се и дел од рецесијата./М.М.