Тоа се: Batsheva со „Hay of Batsheva“; Mike Eckhaus и Zoe Latta на „Eckhaus Latta„; Anifa Mvuemba со „Hanifa„; Rebecca Henry и Akua Shabaka од „House of Aama„; Kenneth Nicholson; Jameel Mohammed со „Khiry„; LaQuan Smith; Abrima Erwiah од „Studio One Eighty Nine„; Edvin Thompson со „Theophilio„ и Willy Chavarria.
Групата на таленти е прва што учествува во новиот формат на програмата во која наместо три награди за десет финалисти се обезбедува финансиска помош и менторство.
Новиот формат е еволуција за решавање на предизвиците со кои се соочува американската модна индустрија, со доделување средства за сите финалисти и лично менторство со лидерите во индустријата, врз основа на назначените области и потреби.
„По неверојатните предизвици за сите во модата, а особено овде во Њујорк, воодушевени сме што оваа година можеме да ги поддржиме сите наши финалисти“, рече Anna Wintour, глобален уредник – директор на Vogue и chief content officer на Condé Nast. „Тоа не е само гласање за доверба кон нивните таленти, туку и за посветла иднина на американската мода“.
CFDA/Vogue Fashion Fund е создаден по 9/11, со цел да им помогне на дизајнерите и да создаде нова генерација американски модни таленти. Групата на одбрани таленти на Fashion Fund годинава се соочува со индустрија во процес на реинвенција и трансформација, истакна Tom Ford, претседателот на CFDA. Новата програма и новиот формат има за цел на дизајнерите да им помогне подобро да управуваат и да се снаоѓаат во иднината на модата.
CFDA/Vogue Fashion Fund за 2021 година е поддржан од: Instagram, Nordstrom, Saks Fifth Ave и Vogue./М.М.