Uncategorized

„Обоена есен„ ги собира домашните креативнивци во Скопје Сити Мол

Eсенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“ е нова можност за запознавање со домашната креативна сцена и поддршка на локалните автори
Од утре до 18 октомври, приземјето на Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“, на кој ќе учествуваат 26 домашни ракотворци и креативни брендови. Посетителите ќе имаат можност да откријат уникатни производи изработени рачно, во мали серии, со препознатлив стил и личен печат на авторите.
Понудата опфаќа модерен накит, современ филигран, накит од епоксидна смола и полимерна глина, рачно насликана керамика, кожени производи и предмети од дрво и природни материјали.
На базарот ќе учествуваат Светник, БУВ – раскажува приказна за дрвото, PURE BEAUTY by Emma, Forest Stories, SIRA Leather, Solar Creations, Zen.Zeal, Epoxy Handmade by Clay, Филигран од срма Софија, Crochet by Frosi, Игнеа козметика, Декупаж катче, Монкдолс, Јуник Корнер, Добро ми стои, Filigree LARGO, Еко восочни обвивки, Marcy_s_handmade, Шарено ќоше, Julie Decoupage, Ignis Creative, Витрум Студио, Custom Cakes by B, Јордан WoodWorkers, Тилиа органика и Фантаст уметничко студио.
Освен модните додатоци и накитот, на базарот ќе бидат претставени органска козметика, миризливи свеќи, декоративни предмети за домот, уметнички дела и други рачни изработки. Разновидната понуда ја претставува домашната креативна сцена и овозможува непосредна средба со авторите и нивната работа.
Со овој настан, Скопје Сити Мол продолжува да им обезбедува простор на локалните ракотворци и малите креативни брендови, давајќи им можност нивните производи да стигнат до поширока публика.

You may also like

Comments are closed.