Крајот на оваа сосема поразлична година помината во глобална пандемија ни дава на сите чувство на ново поглавје, ново „нормално”, а тоа секако се пресликува преку нашиот стил.
Oваа година главни мотиви во модата и стилот беа удобно и лежерно, но тоа воопшто не значи дека плакарот ни станува здодевен, туку напротив – ни дава можност за експериментирање.
Тимот на Fashion Group ги охрабрува сите да го обноват плакарот и да ја дочекаат новата година со освежени парчиња облека од зимската колекција на познатите брендови. Основните парчиња облека што мора да ги има во секој плакар се бела кошула, класичен блејзер за секаква пригода, фармерки во кои секој се чувствува најдобро, класичен топол капут, кожена црна чанта и високи чизми.
чрна чанта.jpgпантолони1.jpgчисзми.jpg
Овие парчиња може да се комбинираат и освежуваат со секое друго парче во вашиот плакар, па затоа првиот чекор е да ги разгледате нашите комбинации, да го подготвите списокот со овие парчиња и да купувате онлајн.
Следниот чекор е совршената зимска јакна, која ќе ве стопли во овие студени денови. Доколку ви прилега лежерно и удобно, но модерно и топло, oversized капутите се за вас. Не само што изгледаат модерно и може да се комбинираат со сè, тие ви го топлат и целото тело.

mala_0022_181823_BG_4_800_1120px.jpgmala_0013_77045904-99_2_800_1120px.jpgmala_0008_87080545-08_2_800_1120px.jpg

За момците сезонава преовладуваат peacoat јакните, кратки капути изработени од топла волна со две низи на копчиња кои секогаш остануваат во мода.
Доколку класичниот изглед сакате да го замените со новиот урбан стил, ги имаме урбаните парчиња за вас. Оние пак што се фанови на спортскиот стил и изглед, ќе
уживаат во неколку комбинациинаправени со совршеното спортско палто за оваа зима.
капут машки.jpgспортски.jpgмашки спортски стил.jpg
Топли и подготвени за студените денови пред нас, продолжуваме со следниот чекор во обновувањето на плакарот, а тоа се дефинитивно чевлите!
Само за вас, издвоивме неколку комбинации на топли кожени чизми со класичен, спортски и урбан стил што ќе ви дадат идеја за постилската верзија од себеси која
можеби уште не сте ја запознале.
чевлииии.jpgчевлии.jpgчевли.jpg
Опремени со совршените нови чевли, продолжуваме кон освежување на омилениот дел – панталоните. Кога одбираме панталони мора да си играме со бои, висина, должина и материјал кој е модерен, но сепак уникатен за нашиот стил. Затоа, издвоивме неколку комбинации и предлози за како да го постигнете тоа. Предизвик е да изберете “јака” боја, или пак едноставно, да уживате во лежерноста и удобноста на истите.
1557068-12_800_1120px.jpg1558048-51_800_1120px.jpg77037107-07_800_1120px.jpg77097605-92_800_1120px.jpg
Сосема на крај, но не помалку важни, да не заборавиме на модните додатоци. Секој маж има потреба од паметна чанта и часовник, надополнета со шал или уникатна капа, па затоа за момците подготвивме неколку комбинации.
A1ES8-288_800_1120px.jpgA2H8M-001_800_1120px.jpgGW0067G2_800_1120px.jpg
За девојките совршен додаток за зимската сезона се капата и шалот со уникатни бои и декорации комплетирани со ракавици. Секако дека со секоја комбинација на облека ќе изгледате ново и освежено со нов ремен или интересен накит, па време е да ги обновите.
77024410-99_800_1120px.jpgGSS008597_800_1120px.jpgmala_0024_181308_RY_800_1120px.jpg
Со овие пет совети воведуваме неколку нови парчиња, но и ги освежуваме вашите постоечки комбинации.
Стилски опремени ја оставаме оваа предизвикувачка година зад нас, и чекориме кон новата подготвени за нови предизвици и позитивни промени со стилските парчиња на Fashion Group.

За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.

You may also like

Comments are closed.