Соработката на Mercedes-Benz и Superplastic летово продолжува со како Superdackel, ко-брендирана капсулна колекција на облека и играчки.
Колекцијата е промовирана на пригоден настан, во водечка продавница за Superplastic во Њујорк, заедно со новиот Mercedes-Benz E-Class.
Superdackel е и името на најновиот пријател на Superplastic, кој ќе тргне на турнеја со своите другари Janky & Guggimon, како дигитални патни придружници интегрирани во новата Mercedes-Benz E-Class MBUX Superscreen.
Новата колекција на облека вклучува дуксери, маички и капи целосно изработени од органски памук, со логото Superdackel колекцијата. Во колекцијата има и свилени марами и јакни.
Во информацијата за медиумите се посочува дека Superplastic со новата колекција на играчки го продолжува успешното партнерството со Mercedes-Benz. Двата бренда дебитираа со своето неочекувано партнерство во јануари годинсава, на CES 2023 година. Тоа е местото кадешто фановите го добија својот прв вовед во Superdackel, модерната реинвенција на „Wackeldackel“ – играчката-куче што кимнува со главата иги краси контролните табли и срцата на генерации возачи ширум светот. По тој повод одржана е премиерата на анимираниот филм „Road Tripz – Starring Janky, Guggimon &Superdackel“, со кој е направено спојување на физичкиот свет на Mercedes-Benz, со дигиталниот универзум на Superplastic.
Анимацијата е интегрирана и во MBUX Superscreen, срцето на ентериерот на новата реинтерпретација на Mercedes-Benz E-Class, чија што светска премиера беше во април годинава. Како што еволуираше E-Class, така и Superdackel еволуираше – од физичка играчка на контролната табла, до врвен дигитален придружник за патување./М.М.