Затворањето на забавите на Paris Fashion Week 2023 помина во знакот на посебен, миризлив парти на KILIAN PARIS во Mondaine de Pariso, на која е прославено лансирањето на новиот мирис, Smoking Hot.
Местото беше целосно обвиткано со темна магла, со миризливи простори, низ кои се разлеваа состојките на парфемот:
Зачаденоста и сексипилноста беа теми на вечерта, ставајќи го новиот мирис во центарот на вниманието и нагласувајќи дека кога ќе падне ноќта, постои само едно правило – да се пушти Smoking Hot.
KILIAN PARIS и неконвенционалната кампања на Smoking Hot имаа бројни посебни моменти меѓу који и тетовирање, за гостите да создадат вечни спомени од незаборавната вечер. Шишињата наргиле со вкус на јаболко беа изложени низ просторот за пушење, а гостите можеа да вкусат коктели инспирирани од Smoking Hot за примамливо мултиплицирано искуство.
Забавата ги обедини заедниците на мода и убавина, меѓу кои и многу познати гости, како потврда за лобалната привлечност на брендот.
Според Kilian, најновиот зачаден мирис е навистина карамелизирано задоволство. Се одликува со Кентаки тобако, набиен со наргиле тутун со вкус на јаболко и интензивна бурбон ванила. Евицирајќи сè – од европските клубови до салоните за наргиле на истокот, Smoking Hot го редефинира она што денес треба да е мирис на чад.
Парфемот го отвора вкусот на наргиле со јаболко и се спојува со топлата суштина на кората од цимет. При бавно горење, се појавуваат ноти на апсолутен Кентаки тобако. усогласен со Oakmoss, како резонантен тобако мирис што води кон бурбон ванила, како полн мирисен круг на моќна сензуалност./M.M.