Британскиот моден совет со својата фондација (The British Fashion Council Foundation) во лондонскиот Royal Albert Hall ги награди, според нивна оценка, најуспешните во светот на модата, за оваа 2023 година. Присуствуваа етаблирани дизајнери, модели, како и оние кои ги носат дизајнерските остварувања, а меѓу нив и: Anne Hathaway, Taylor Russell, Gwyneth Paltrow, Amal Clooney…


Меѓу наградените се креаторката Sarah Burton, нејзиниот колега Јonatan Аnderson, додека Paloma Elseser е прогласена за манекенка на годината. Специјално признание доби италијанскиот дизајнер Valentino Garavani, за неговиот исклучителен придонес во модната индустрија.


На доделувањето на британските модни награди, традиционално, највпечатливо е на црвениот тепих: некогаш елегантно, некогаш екстравагантно, но секогаш во настојување да се остави единствен впечаток кој медиумите ќе го разнесат низ светот.

Годинава Pamela Anderson изненади појавувајќи се без шминка, неколкумина актери ги прошетаа Prada здолништата, долната облека стана или видлива или горна…Секако, имаше и елеганција и стил во знакот на високата мода./М.М.

You may also like

Comments are closed.