Модните куќи на LVMH: Fendi, Christian Dior, Loewe, Kenzo и Louis Vuitton – ги преставија своите најнови колекции на модните ревии до Милано до Париз за наредните есен-зима на неделите на машката мода (Fall/Winter 2022-2023 Men’s Fashion Weeks).


За машката колекција есен/зима на Fendi, уметничката директорка на италијанскиот Maison, Silvia Venturini Fendi, повторно замислува џентлменска гардероба за новите Roaring Twenties. Елеганцијата на стариот свет се ажурира – нијансите на црна и крем, мока, тегет и бела создаваат богата палета за игри со скапоцени текстури и смели графички изјави. Традиционалните твидови и костимите се комбинираат и надополнуваат со плетените ансамбли, а иконскиот мотив – O’Lock – станува нов монограм. Мотивот O’Lock е и на минијатурната верзија на познатата чанта Baguette која се претвори во луксузна технолошка галантерија за LEDGER Nano X, дигиталниот хардверски паричник за криптовалути и дигитални средства. Врвна гардероба за нео-денди рифови, со префинетост на технолошки иновации.


За последната колекција на Virgil Abloh, Louis Vuitton ја претстави “Louis Dreamhouse”, одата на соништата. Во волшебен сет, музиката и танцот со саундтракот на Tyler The Creator, гостите уживаа во магична атмосфера. Преставените парчиња го слават наследството на Virgil Abloh и ја отелотворуваат неговата основна филозофија светот да го гледа со невините очи на детето. Материјалите и техниките не се како што изгледаат, преобразувајќи ги кодексите на облекувањето со општествените архетипи. Колекцијата е покана да ги живеете вашите соништа, отфрлајќи ја мембраната помеѓу реалноста и имагинацијата./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.