ДизајнериМоден мозаик

Маја Кикириткова: Водечка инспирација за се’ во животот е моето семејство

Маја Кикириткова

Не сум личност која сака да експериметира со стилот. Не следам слепо трендови. Мислам дека секој човек треба да има изградено свој сопствен стил. Сакам земјени тонови на бои, белата е моја омилена. Со еден збор натурал, надополнето со модни аксеосари, за разбивање на монотонија. – Во Македонија има многу квалитетни дизајнери, единствено што ни недостига е поголема поддршка и конечно модниот дизајн да се смести во областа култура, а не забава. 

MM: Поради сето што се случуваше на светот минатата година многу од бизнисите, меѓу кои и модниот поминуваа, па и сеуште поминуваат период на сериозни преиспитувања. Како сето влијаеше и врз вашето работење?

Елеазар беше во стагнација, но се роди моето второ дете, а со него и детската колекција и проектот СОВРШЕН ПАР. Совршен пар се, всушност, персонализирани меки кукли-животни, облечени во исто дизајнерско парче облека како и детето. За некое чудо, кога сите бизниси претрпуваа сериозна криза, СОВРШЕН ПАР растеше со енормна брзина и сеуште расте.

 

ММ: Дали во новонастанатите услови може да опстоји професијата дизајнер во Македонија и колку луѓето лани се решаваа да купуваат дизајнерски парчиња?

Па тргнувајќи лично од мене, дека јас воопшто не купував облека, решив и Елеазар цела година да го ставам во стагнација. Колекцијата беше готова уште во јануари, требаше да се презентира во март, но ја оставив и ја пополнив со уште парчиња за оваа година, па еве за десетина дена ќе можете да ја погледнете. Мислам дека сега е вистинскиот момент за Елеазар.

ММ: Кога сме кај дизајнот – можеме ли да се навратиме на вашите почетоци, на поривот за создавање, премрeжјата, она што ве одржало низ годините?

Мојот пат го започнав 2008 година. Тие години некако беа златна доба. Полека, низ годините созревав, и само љубовта кон работата ме оддржуваше цело време да останам тука каде што сум. Имаше период кога направив мала пауза, ми требаше одмор, а сопругот беше тој кој е „виновен„ повторно да започнам да творам. Со раѓањето на мојот син Лазар, се роди и Елеазар. Сега децата се тие кои ме оддржуваат и ми се вечна инспирација за се’ што работам. Лазар за Елеазар, Ева за Совршен пар.

ММ: Како би се опишале себе си – вашиот стил, водечката инспирација за создавањето, највпечатливиот момент, лично чуство на успех?

Не сум особа која сака да експериметира со стилот. Не следам слепо трендови. Мислам дека секој човек треба да има изградено свој сопствен стил. Сакам земјени тонови на бои, белата е моја омилена. Со еден збор натурал, надополнето со модни аксеосари за разбивање на монотонија. Водечка инспирација за се’ во животот е моето семејство.

ММ: Како би ја опишале модната сцена во Македонија, каде е во споредба со сцената во регионот, како таму се работи – има ли разлики во пазарот? 

Чекориме полека, но сигурно и тоа навистина ме радува. Во Македонија има многу квалитетни дизајнери, единствено што ни недостига е поголема поддршка и конечно модниот дизајн да се смести во областа култура, а не забава.

ММ: Дизајнер во Македонија и дизајнер во големиот свет – може ли да се направи паралела? 

Уф, тешко прашање. Разликата е во тоа што во “големиот свет” има премногу, но квалитетните испливуваата и се успешни. Овде се помалку, но колку и да си успешен и квалитетен, неможеш да постигнеш цена. Имаме многу мал стандард но, од година во година, се’ повеќе купувачи сакаат да носат дизајни од македонски дизајнери.

ММ: Треба ли да се верува дека соништата се остваруваат кога ќе станеме достојни за нив. Кои се вашите за годинава?

Дефинитвно треба само верба, работа, упорност и 5 минути. Годинава имам за цел брендот да го проширам надвор од Македонија, бидејќи имам побарувачка, а и некои понуди. Не би зборувала многу за тоа, се’ додека не се случи нешто конкретно./M.M.

 

Маја Кикириткова може да се контактира на:  _www.majakikiritkova.com

ФБ страна https://www.facebook.com/Eleazar-by-Maja-Kikiritkova-143945579009421/

https://www.facebook.com/sovrsen_par_eleazar-104060311393679/

Инстаграм : https://instagram.com/majakikiritkova?igshid=5s5e4ss7pocx

https://instagram.com/eleazar_by_maja_kikiritkova?igshid=14hb28s0oe0rm

https://instagram.com/sovrshen_par_eleazar?igshid=ln7j2lhglm8d

You may also like

Comments are closed.