Младиот дизајнер Христијан Младеновски во својата капсулна колекција „Во цут“ (In Bloom) се инспирирал од ренесансните мотиви и ренесансната уметност. Поточно, концептуализацијата на капсулната колекција произлегува од начините на кои природата била претставена во ренесансните слики.

-Во овие слики, уметниците се одалечиле од апстракциите на средновековната естетика за да се обидат да го доловат животот во неговата најрепрезентативна форма. Како таква, оваа промена е намерно претставена со поставување на поставката на фотосесијата во самата природа.

Природните пејзажи служеле како позадина за репрезентацијата на засилено духовно искуство во времето на ренесансата. Ова потрага за духовна чистота е претставена во светлите типови на текстил избрани како материјали. Меѓутоа, во исто време тие се поставени со богатството на златната боја.
Златото симболизира наклон кон луксузот, чии навестувања се рефлектираат во подемот на хедонизмот за време на ренесансата.

Облеката содржи мешани елементи кои ја комбинираат естетиката на пониските и повисоките општествени класи од овој временски период за да создадат иновативен идеал за убавина. Белата ткаенина во облеката ја претставува едноставноста и функционалноста во облеката што ја фаворизирале ниските класи во тоа време. Од друга страна, застапеноста на корсети, бисери и други додатоци го претставува раскошот на повисоките општествени класи.

Златниот оклоп што го дополнува белиот кадифен фустан го претставува повторното откривање и вградување на античките мотиви во ренесансната уметност./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.