Dolce & Gabbana ја претстави својата машка колекција есен/зима 2024/25 за време на Миланската модна недела (Milan Fashion Week)
Додека бројни брендови се обидуваат да ја привлечат генерацијата Z, модната куќа Dolce & Gabbana зазема пуристички пристап, потсетувајќи го светот на она што го прават најдобро.
Практично јас сум роден во кројачка работилница, вели Domenico Dolce во изложбениот салон во Милано, каде што тој и Stefano Gabbana ги симнаа чудните детали, фокусирајќи се единствено на исклучителното кроење во новата колекција. Палтата се совршено скроени, главно во црна боја, без многу детали, токму какви што ги замислува Dolce, како син на сицилијански кројач.
Фокусот на колекцијата е на класична рафинираност во кроењето; molto, molto, molto elegante“, рече Gabbana, за формалноста и чувството за „облекување за вечера“; смокинг со свилени бели кошули, оперски палта и строги долги палта со доминантни ревери.
Dolcе вели дека при создавањето ја имале на ум идејата за млад, динамичен човек, кој се движи низ Милано, во неговите беспрекорни костуми со кренати раменици. Додадете веспа и еспресо и ќе добиете униформа за секој весел италијански 20-годишен дечко кој е уморен од спортска облека.
Овој фокус кон сериозните костуми Dolce & Gabbana го покажаа и пред пандемијата, кога пораката – и облеката – беа најмаксимални. Сега се јавува нивното оригинално чувство за стил во италијанското ноар кино.
Постои и посебно поставување кон занаетчиството, односно кон талентот на кројачите. /М.М.
Најновата колекција на Dolce & Gabbana може да се проследи