Со својата нова Couture колекција, создадена од финската дизајнерка Jenny Hytönen, AZ Factory ја продолжува својата посветеност за поддршка на нови таленти.

За младата дизајнерка Jenny Hytönen пак, високата мода е трансформирање на нешто старо и вдишување на нов живот во него. Облеката има секаква форма однадвор, но внатре ги има сите функции. Станува збор за „гледање„ низ облеката: старите делови имаат чувство за историја која траела и издржала време. Исходот е несовршен, но може да се види функцијата зад него.


Основа на колекцијата се рециклирани воени јакни, ремени елеци… Оваа, машка облека е реконструирана во женски форми. Мини здолништата се направени од ремени. Целокупниот изглед е внимателно обмислен колаж од транспарентни текстури. Проѕирните силуети во органза, инспирирани од архивските вечерни тоалети од 1920-тите се дополнети со метални детали, а долната облека потсетува на архивските дизајни на Alber Elbaz.


AZ Factory е моден бренд основан од модниот дизајнер Alber Elbaz. Освен што поддржуваат млади таленти, создаваат и иновативна и инклузивна женска облека. Познати се по модерна и разиграна естетика.
Употребата на рециклирани материјали во колекциите и неконвенционалниот избор на дизајн ја зајакнуваат посветеноста на AZ Factory за одржливост и креативност во светот на модата што постојано се развива и менува./M.M.

You may also like

Comments are closed.