Guerlain

“Kisskiss Chain“ – нова кампања на Guerlain

Во април, Guerlain започна со кампањата “Испрати бакнеж, спаси ги пчелите“, која ќе трае цел месец. Со само една селфи фотографија на Instagram, може да дадете свој придонес за спасување на пчелите. Покрај тоа што се еколошки чувар и симбол на куќата, пчелите станаа водач на Guerlain за посветеноста кон одржливоста. Изминатите 10 години, куќата се посвети кон заштита на пчелите. Сведочиме за изложеноста на ризик за постоењето на пчелите, знаејќи дека тие имаат основна улога во опрашувањето на цвеќињата и растенијата, процес што им е потребен за да се размножуваат.

Kisskiss Chain, ги заштитуваме природата и пчелите

Без разлика дали е притаен или интензивен, бакнежот има се што е потребно за да ги покаже чувствата. Kisskiss Chain стана колективен начин за докажување на нашата љубов кон природата. За да учествувате, потребно е да постирате свој виртуелен бакнеж на Instagram, да употребете Kisskiss Chain филтер, да тагнете @Guerlain и додадете  хаштаг #GuerlainKisskissChain.

1 бакнеж = 10,000 засадени разновидни цветови се како извор за пчелите, богати со нектар и полен. Садењето ќе помогне во борбата за заштита против уништување на нивните живеалишта и закана за нивно истребување.

На 8ми април, Наталија Водјанова ја започнa кампањата на Instagram. Од тој момент, до 30-ти април, таа ќе биде следена од пријателите на куќата. Guerlain ве поканува да се придружите на KissKiss Chain кампањата: Подгответе се за бакнежи!

Растенијата за заштита на пчелите ќе бидат засадени преку програмата на жени пчелари

Програмата “Women for bees“ во партнерство со УНЕСКО и соработка со Француската опсерваторија за апидологија (OFA) беше лансирана во 2020 година. Таа е дизајнирана за поддршка и обука на жените пчелари низ целиот свет. Во 2025 година, ќе бидат обучени 50 жени пчелари, засадени 2.500 растенија, што ќе доведе до заштита 125 милиони пчели.

Беше очигледно дека Guerlain ќе направи поврзаност помеѓу ова партнерство и кампањата KissKiss Chain. Затоа, во рамките на програмата “Жените за пчелите“ ќе се засадат разновидни цвеќиња. Процесот на повторно населување на пчелите ќе ги почитува ендемичните видови на секој засегнат регион, како и семето од за цвеќињата, кое ќе биде од локални извори.

За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.

You may also like

Comments are closed.