Организацијата Little Sun, основана од уметникот Olafur Eliasson и инженерот Frederik Ottesen, е посветена на обезбедување соларна енергија за заедниците без редовен пристап до електрична енергија, главно во субсахарска Африка. Заедно со ИКЕА, лансира колекција на LED светилки на соларна енергија.
Палетата, наречена SAMMANLÄNKAD, вклучува опции за во домот, како и за движење на отворено. Дизајнот на столната ламба е инспириран од сонцето и движењето на Земјата, во облик на полу-сфера. Металната конструкција го задржува изворот на светлина и може да се прилагоди како привезок или столна ламба, а може и да се отстрани од држачот и да служи како фенер.


Помалата пренослива светилка е практична за надворешна употреба; може да се закачи на прозорец или на ранец, со жолто ременче, за полнење во текот на дневните часови. Двете светилки вклучуваат соларни панели и батерии на полнење, а столната светилка може да се полни преку штекер, како и преку неговите USB-A и USB-C порти кога не се полни на сонце. Батеријата на светилките може да се користи и за полнење на мобилен телефон.
„Соработката со ИКЕА ја поддржува нашата мисија да ја подигнеме свеста за енергетскиот пристап и не потсетува дека имаме потенцијал да го обликуваме нашиот свет“, посочува Eliasson, во соопштението за печатот.


„Со оваа соработка сакавме да започнеме разговор за сончевата енергија и да ја ставиме моќта на сонцето во рацете на многу луѓе“, истакнува James Futcher, креативен директор во ИКЕА. „Го споделуваме верувањето дека можностите за обмислен дизајн лежат во способноста да ја подигне свеста и да направи разлика.
Колекцијата светилки од овој месец ќе биде достапна во продавниците на ИКЕА./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.