Влијанието на пробиотскиот јогурт врз здравствената состојба произлегува од функцијата што ја има во дигестивниот тракт. Имено, дигестивниот тракт е место каде што најчесто се настануваат лошите бактерии и ова е место од каде најчесто започнува развојот на вирусните инфекции. Пробиотиците од јогуртот се позитивни бактерии, потребни за секој организам. Делуваат стабилизирачки на цревната микрофлора и метаболизмот и со нивното присуство во цревата ги спречува штетните дејства на патогените и на тој начин го стимулираат имунитетот и директно ги инхибираат штетните бактерии.
Ваквото дејство го класифицира јогуртот во функционална храна, односно храна што овозможува здравствени освен хранливи придобивки. Таков функционален јогурт е Баланс+, каде се застапени Bifido Digestio complex, комбинација од двете пробиотски култури Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12, како и пребиотикот олигофруктоза, којшто е храна за пробиотиците и тоа дополнително ја засилува функцијата и нивното дејство.
Освен тоа, Баланс+ дејствува позитивно и врз варењето, за што постои и клиничка студија која потврдува дека со 10 дена редовно консумирање го забрзува метаболизмот и ги решава проблемите со варењето. Содржи уште и големо количество калциум, калиум и магнезиум, витамини Б2 и Б12 како и масни киселини, исто потребни за дигестивниот тракт.
Дејството на пробиотиците од овој јогурт е повеќекратно така што влијаат врз разни процеси. Добиени се со природна ферментацијата на бактериите на млечната киселина и како живи микроорганизми земени во доволни количини, имаат позитивен ефект врз целосното здравје.