Fendacе

Fendacе е Versace by Fendi и Fendi by Versace – и – не е соработка туку обединување на модните куќи во создавање колекции што ќе ја слават италијанската мода.- Тоа е прв пат во историјата на модата, дизајнерите да имаат вистински креативен дијалог, кој доаѓа од почит и пријателство. Тоа не натера да ги смениме улогите за да ги создадеме овие две колекции, ја коментира соработката Donatella Versace, креативен директор на Версаче.

Fendacе

За прв пат во историјата на модата, две италијански модни куќи решија низ заедничка колекција  да го претстават, избалансирано, она суштественото на Versace by Fendi и на Fendi by Versace. Fendace ги отфрла правилата, ги ослободува предрасудите креативните тимови на двете куќи и ги заменува со забава и виртуозност. За прв пат Donatella Versace и Silvia Venturini Fendi ги оставаат семејните креативни канцеларии за да се инспирираат едни со други.

Fendacе

Современата визија на Kim Jones, креативниот директор на Fendi Couture and Womenswear, вешт визионер во толкувањето на наследството на брендовите, ги обединува модните куќи. Две реалности се спојуваат со споделување на архивите со доверба, за создавање кросовер што ќе ги истакне стилските и културни наследства и на двете.

Така Gianni Versace е ревидиран со современата лексика на Fendi: Medusa на Versace се среќава со La Greca создадена со Fendi FF монограмот, додека Fendi на Versace е изграден од аспект на панк -рок на Donatella, со метални мрежести фустани што имаат лого на Romana.

Fendace своето деби го имаше во Palazzo Versace, на Via Gesù, во Милано, а на пистата можеа да се видат: Naomi Campbell, Kate Moss, Amber Valletta, Kristen McMenamy, Vittoria Ceretti, Kirsten Owen, Karen Elson, Emily Ratajkowski, Mariacarla Boscono, Gigi Hadid, Lila Moss, Shalom Harlow, како и многу други манекени./M.M.

Fendacе

Fendacе

Fendacе

You may also like

Comments are closed.