Gucci предизвика вистинско изненадување со новиот креативен правец по заминувањето на Alessandro Michele како креативен директор.
Модната 2023 започна традиционално, во знакот на модната недела во Милано. Milano Men’s Fashion Week се одржува од денес до 17 јануари. Околу педесет брендови ќе настапат со своите машки колекции, наменети за сеозните есен/зима 2023-2024 година. Во официјалниот календар, меѓу другите се и Prada, Dolce & Gabbana, Fendi и Ermenegildo Zegna.
На отворањето, Gucci предизвика вистинско изненадување со новиот креативен правец по заминувањето на Alessandro Michele како креативен директор. Под водство на Michele, приказите постојано ескалираа во облека со повеќе слоеви и украсување во романтичните колекции со заматени родови линии.
Ослободена од ексцентричност, колекцијата го врати Gucci на основите, во рокенрол атмосфера. Главните изгледи вклучуваа преголеми јакни, широки панталони или хеланки ставени во каубојски чизми, акцентирани со затоплувачи на нозете.
Маиците и џемперите од мохер беа проѕирни, а долгите здолништа изгледаа деконструирани од панталоните и беа комбинирани со рагби кошули во пруги.
Палетата на бои е од тексас и каки, сива и канарно жолта, до виолетова со ледено сина.
Колекцијата беше дизајнирана од тим на модната куќа./М.М.