Jean Paul Gaultier раскажува модни приказни за чуден, неповторлив начин, со дизајн на дела чија визијата е дефинирана од талент, забава и – надменост!
Познат по својата екстраваганција и чудна визија, Jean Paul Gaultier е француски моден l’enfant terrible, бидејќи често ги крши правилата што другите дизајнери ги почитуваат. Тој ги има облекувано своите модели во градници со конуси, го истражувал изгледот на деконструирани корсети, а и долната облека ја има ставано над горната.

Според Gaultier, овој прекар е од луѓето који незнаат што би кажале за него. За Out Magazine Gaultier ќе каже: Прекарот доаѓа од луѓе који незнаат што да кажат за мене. Се интересираат за мене и за тоа што го работам но, незнаат како да го наречат. Затоа велат (ужасно дете)„l’nfant terrible”.


За Gaultier модата е направена и создадена за забава, а не само за да се заработат пари.
Gaultier вели дека според неговиот ментор, Pierre Cardin, некои работи се прават и од љубов кон идеата. Имено, кога имал 18 години, Cardin го препознал неговиот талент и го ангажирал како негов асистент. Тој ме научи да бидам навистина слободоумен, посочува Gaultier.


Вистински дизајнер е оној чие дело се препознава без да се погледне во марката. Таков е случајот со Jean-Paul Gaultier, истакнал Cardin запрашан од British Vogue за креативноста и визијата на создавањето.
L’Oficiel ja истражуваше препознатливата, смела визија на дизајнерот, со изгледи који се дефинирани од талент, забава и – надменост!/M.M.


You may also like

Comments are closed.