Димитар Бабков: “The Cerebrum (10th day)"

“Големиот мозок е највисокиот дел од мозокот. Се состои од две хемисфери поделени со централна пукнатина. Големиот мозок ги содржи главните делови од мозокот и е одговорен за примање и давање значење на информациите што се добиваат од сетилата. Големиот мозок го контролира телото. “ – Оваа дефиниција е метафорично претставена во колекцијата преку текстурите, боите и кроевите, посочува Димитар Бабков, во претставувањето на својата колекција“The Cerebrum (10th day)”, за сезоните есен/зима 2021 – 2022 година.

Овој пат сакам да навлезам подлабоко во човечкото тело и емоциите, истакнува Бабков. Крвните клетки и клетките на кожата се прикажани преку испакнати текстури и рачно изработени детали. Некои од деталите, освен што се инспирирани од формата на мозокот, рефлектираат линии од структурата на коските, градите и ‘рбетот.

Материјатели користени во колекцијата се од природно потекло, некои се рециклирани и голем дел се комплетно рачно изработени. Акцентот на колекцијата е ставен на портокаловата боја која симболизира оптимизам и безличност. Исто така фокусот е ставен на oversize кроеви кои симболизираат разновидност и родова еднаквост.

Сакам да ги охрабрам младите луѓе да бидат бестрашни и да се тоа што навистина сакаат, да бидат слушнати и да се види нивната уникатност. Менталното здравје вклучува когнитивно, бихевиориално и емотивно здравје. Тоа подразбира како луѓето мислат, чувствуваат и како се однесуваат. Кога има синергија помеѓу сите делови, единката е комплетна. Секој од нас заслужува да биде оној кој навистина е, во полна автентичност.

Колекцијата беше презентирана преку модно видео, едиторијал и showroom во склоп на 24тото издание на Моден Викенд Скопје. Видео и монтажа се дело на Ангела Стојковска, фотографија Софи Лазовска од „Frozen Time Drops, моделите беа дел од модната агенција Podium Model Agency, Ивана Гелева, Ана Ежова, Пале Манева и Магдалена Ѓоргиевска. За фризурите се погрижи Елена Николовска а шминката е дело на Анита Ѓуровиќ, во продукција на Моден Викенд Скопје./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.