Едиторијалот на колекцијата ќе биде претставен денес, 22 ноември 2023 година, на официјалниот SON OF SALOME Инстаграм профил (@sonofsalome_)

„Погледни ја месечината. Колку е чудна. Како жена која станува од гроб. Мртва. Чиниш бара се нешто умртвено. “Оскар Вајлд, Саломе
Откривање на четвртата SON OF SALOME колекција: Реквием

Колекцијата Реквием е истражување инспирирано од ремек-делото на Бернини, Екстазата на Света Тереза. Оваа впечатлива колекција навлегува во сложените аспекти на емоциите, низ циклус на откровение, раст, екстатична трансценденција, уништување и евентуално затворање.


Колекцијата е уметничка студија која има за цел живописно да ја илустрира трансформативната моќ на емоциите преку спој на принтови, текстури и силуети. Конкретно, дванаесетте изгледи си играат со симболиката на црно и бело, евоцирајќи ги темите на повторното раѓање и смртта, додека инкорпорирањето на сребрени акценти низ дизајните симболизира заштитна аура, слична на оклоп.


Колекцијата се состои од 14 парчиња облека, вклучувајќи фустани, здолништа, блузи, боди и ракавици, ја покажува разновидноста на естетската визија на SON OF SALOME. Секое парче е направено за да пренесе посебен аспект од емотивниот циклус.
Најистакнат елемент во колекцијата е дигитално илустрираната изгорена човечка мускулатура, испечатената на плентина.
Едиторијалот на колекцијата, со талентираната Ивана Манас, ќе биде претставен на официјалниот SON OF SALOME Инстаграм профил (@sonofsalome_) на 22 ноември 2023 година, а колекцијата ќе биде достапна во салонот на Занов.


Тим:
Фотограф: Станков Антонио
Модел: Манас Ивана, Models In Management
Фризура: Николовска Елена, Social Hair Salon
Шминка: Деловска Ивана, Студио Деловска
Благодарност: Занов Митко, Петрушевски Тони


You may also like

Comments are closed.