Милена Антовска

ММ. Што во моментов најмногу те возбудува во животот?

Што ме возбудува во животот? Хм… Интересно прашање. Па ме возбудува непознатото, иако ретко оставам на случајност. Скоро секогаш сакам да знам што ќе ми се случува и што ќе биде. Животот сам по себе ми е возбудлив, тоа што ја имам улогата на мајка исто така, затоа што секој ден учам нешто ново и менувам навики на подобро.

Милена Антовска

ММ. Кога чувствувате дека сте креативни – наутро или навечер?

Јас сум човек што подобро функционира наутро, навечер веќе снемувам енергија и си легнувам доста рано.

ММ. Што слушате кога слушате музика?

Слушам многу стилови на музика. Зависи од расположение. Слушам и народно и забавно и многу сакам македонска музика. Секако ги следам и светските трендови, сакам и музика од англиско и шпанско говорно подрачје.

Милена Антовска

ММ. Кој е вашиот талент за кој луѓето можат да се изненадат кога ќе знаат дека го имате?

Ха, ха талент… Па сакам да пеам и мислам дека солидно го правам тоа, барем така ми викаат 😀

ММ. Каде се чувствувате како да сте во вашето лично најдобро издание?

Најдобро се чувствувам на работното место, но и во кафеана 🤣🤣🤣

ММ. Кој е најтешкиот предизвик што некогаш сте морале да го надминете?

Сум имала многу предизвици во животот како и сите луѓе. И професионално и приватно. Во тој даден момент ми се чинеле дека се тешки, но кога сум ги надминала веќе станале лесни. Предизвик ми било остварувањето во улога на сопруга и мајка, тешки ми се чинеле и предизвиците за почеток на секој нов проект, секоја нова емисија, тежок ми бил и предизвикот да се искачам на врвот Лакосигној итн.

Милена Антовска

ММ. Со што сте опседнати во моментов?

Во моментов сум опседната со тоа да се среди ситуацијата со короната, за да можеме нормално да функционираме.

ММ. Имате ли нов проект – што може да се очекува со него – доследност или нова страница?

Моментално работам на емисија поврзана со готвењето така што тоа е нешто ново за мене и многу убаво се чувствувам. Интересно ми е, имам контакт со многу луѓе од различни профили, така што може да се каже дека е една нова страница.

Милена Антовска

ММ. Соработувавте со многу значајни личности – кој остана на списокот со желби?

Да, на мое задоволство заради работата сум имала можност да се запознаам и соработувам со многу познати личности од Македонија, но и да правам интервјуа со познати од Србија, Хрватска… Имам уште многу желби. Би сакала да го снимам и интервјуирам актерот Милош Биковиќ, ете тој ми падна сега на ум:)

ММ. Што е нешто што сепак би сакале да го научите?

Па генерално се’ што сум сакала сум научила, но еве ако морам да издвојам би сакала да знам да скијам.

ММ. Кој е вашиот омилен аспект на вашата работа?

Омилен аспект ми е контактот и комуникацијата со луѓето. Сакам да запознавам различни типови на луѓе, различни карактери. Од секој има што да се научи.

ММ. Што е најтешко во врска со вашата работа?

Па најтешко е тоа што мојата работа некогаш е стресна. Постојано си под лупа, будно те следат, ја следат твојата работа и тоа знае да носи притисок со себе и не секогаш е лесно да се носиш со тоа.

ММ. Кој е најчесто користениот збор во модата во моментов?

Oversize или oversized.

ММ. Кое е модно правило со кое целосно не се согласувате?

Не се согласувам целосно со тоа дека чевлите и чантата мора по секоја цена да бидат иста боја или целосно ист стил.

ММ. Кое парче секоја жена треба да го има во својата гардероба?

Во она парче гардероба во кое се чувствува најудобно и своја.

Милена Антовска

ММ. Без кои три работи не излегуваш од дома?

Од дома не излегувам без клуч, кармин и маска 🤣

ММ. Кога си во кујна, што подготвуваш најчесто?

Кога сум во кујна најчесто за појадок подготвувам овес со овошје или омлет, а за ручек сакам некоја традиционална македонска манџа, но и некој специјалитет со месо.

ММ. Како би го опишале вашиот личен стил?

Мојот личен стил би го опишала како модерен трендовски, но често и спортски.

Милена Антовска

ММ. Кој парфем го користиш во моментов?     

Во моментов користам еден парфем од Авон – Atrraction.

ММ. Кој е трендот што посакувате никогаш, никогаш да не се врати?

Па што знам… можеби не би сакала фармерки со многу низок струк и ептен шпицести штикли. /М.М.

Милена Антовска

 

You may also like

Comments are closed.