- Што во моментов најмногу те возбудува во животот?
Се она што ми било банално и површно, се уморив од филозофии без покритија.
- Кога чувствувате дека сте креативни – наутро или навечер?
Секогаш наутро од 04ч до 08ч, а навечер, ако останам буден, после 02ч кога се ќе се смири.
- Што слушате кога слушате музика?
Имам убава колекција на плочи, но во последно време исклучиво свирки во живо на добри фанк/џез бендови ко Ghost Note на пример.
- Кој е вашиот талент за кој луѓето можат да се изненадат кога ќе знаат дека го имате?
Ко мал зборував наопачки и сеуште често така ги слушам зборовите, од крајот нанапред.
- Каде се чувствувате како да сте во вашето лично најдобро издание?
Во музиката и тоа секогаш во грувот, во дисонанците, тензијата, да гази со тешка нога и да ти прави грда фаца на лицето као да смрди нешто. Сите мелодиски и хармонски инструменти за мене се удирачки инструменти, се е тоа само перкусија во која може да има скриено мелодија и хармонија.
- Кој е најтешкиот предизвик што некогаш сте морале да го надминете?
Егото. Љубовта го буди од мртви.
- Со што сте опседнати во моментов?
Мојот живот си е еден долг момент. Музика и секс. Во нив ќе ги најдете и сите останати работи.
- Имате ли нов проект – што може да се очекува со него – доследност или нова страница?
Двете, само предизвик може да ме натера да започнам нешто.
- Соработувавте со многу значајни личности – кој остана на списокот со желби?
Вукашин Маркович, за малце ќе се случеше, но јас сакав одма да се сработи, а он имаше термини во студио за новиот албум на IrieFM. Сакав Тромбон да ми свири во „Спремна си ти за FUNK“, покрај пеач и добар тромбонист е.
- Што е нешто што сепак би сакале да го научите?
Во секоја работа има ситници и детали за учење доколку имаш интерес. Се ме интересира. Секој ден учам по нешто, додека наскоро не почнам секој ден да заборавам по нешто, хаха.
- Кој е вашиот омилен аспект на вашата работа?
Се може да биде и поинаку.
- Што е најтешко во врска со вашата работа?
Најтешките работи кои се поврзани со мојата работа би требало да не се моја работа. Пласман и дистрибуција.
- Кој е најчесто користениот збор во модата во моментов?
Дрољски, за жал.
- Кое е модно правило со кое целосно не се согласувате?
Дека е возможно да се стокмиш, а воедно да си внатре културуолошки шуплив. Цури сељачко и глупоќа од сите страни, залудно е.
- Кое парче секоја маж треба да го има во својата гардероба?
Некој женски детал. Стереотипен мачо е досаден.
- Без кои три работи не излегуваш од дома?
Убава вибра, список на обврски и саат на рака.
- Кога си во кујна, што подготвуваш најчесто?
Па скоро се, освен некои манџи/чорби во кои не сум комотен сеуште, но учам.
- Како би го опишале вашиот личен стил?
Како се чувствувам, така и изгледам, без разлика што носам на себе.
- Кој парфем го користиш во моментов?
Па шарав малце за да сменам, ама пак се вратив на Армани Код.
- Кој е трендот што посакувате никогаш, никогаш да не се врати?
Се што е во моментов, во однос на женската мода. Машката не ме ни интересира. /M.M.