Ying Gao дизајнира колекција инспирирана од дигиталниот свет. Не е за секојден – облеката на Јинг е направена со нов флексибилен материјал, за да ги имитира ефектите на виртуелната облека.
Модната дизајнерка Ying Gao од Монтреал создаде „роботски„ фустани кои реагираат на нивната околина со бранување, проширување и собирање. Се работи за проект наречен 2526. Името на проектот се однесува на бројот на часови вложени во создавањето на двете полиморфни облеки – од првата линија до последниот бод.
NFT, дигиталната мода и виртуелната облека се инспирацијата за овој проектот. Бројките 2 5 2 6 го имаат единствен статус на неограниченост од физичката реалност на материјалите.
Двете полиморфни облеки на проектот 2 5 2 6 се многу реални: ткаени, рачно составени материјали који специјално се дизајнирани за создавање облеката. Воопшто не се виртуелни. Сепак, тие ги симулираат ефектите на виртуелната облека: надреалното бранување генерираната игра на волумен и транспарентност, нивното полиморфно движење, како и нивната рефлексивност. Сето е резултат на целосно нов флексибилен материјал кој комбинира стакло, благородни метали и силикон.
Како што излетувањата во метаверзумот стануваат се почести и помалку изненадувачки, дигиталната мода неизбежно се расплетува во бесконечноста од можности и неизвесности./М.М.